Како најлесно да се избориме против вирусот Ковид-19, знае Бубо Каров. Еден од начините на познатот комичар е дека коронавирусот ќе го снема ако ставиме долна облека на главата, а ќе се заштитиме со маска направена од пластично шише.
Ова е дел од муабетот на Бубо и на Жаре во новата „Еден на Еден“ наречена „Скараџиска“, која ќе се емитува на во недела, на „Канал 5“ од 18:30 часот.
Екипата на „Еден на Еден“ подготови специјална провомајска емисија, снимена во отвореното студио, во излетничка атмосфера. Жаре цело време ќе врти скара, а гостин му е актерот Гораст Цветковски.
Додека Жаре прави бургери и Гораст ќе се пофали со својот специјален кулинарски рецепт и со уште многу интересни муабети.
Погледнете ја најавата за Еден на Еден „Скараџиска“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.