Фолк пејачката Јелена Карлеуша бесно му порача на босанскиот фудбалер Огнен Врањеш, со кој порано се допишува зад грбот на својот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ, дека го завршил своето и дека веќе нема да заигре аникаде, ниту во еден клуб, ниту за реперезентацијата.

Претходно Врањеш во објава на социјалните мрежи напиша дека е изложен на торутура, обвинувања и закни „од страна на госпоѓа и господин Карлеуша“, кои се „подготвени на се“.

Карлеуша, чии секслуални фотографии пртотекоа вчера на интернет, а за кои таа тврди дкеа се монташа, го обвини Врањеш, со низа најцрни пцовки и навреди, дека ја кзанил бидејќи наводно не сакала да биде со него.

Џабе ти е!По цена да се разведам, а нема, ти можеш само да ме сонуваш. Залудно ми ги праќаше сите фотографии кои ги бришев, залудно ми праќаше подароци и рози, залудно се закануваше дека поради мене ќе се убиеш, не ми можеш ништо – напишала Карлеуша на социјалните мрежи.

Карлеуша му порачала на Врањеш дека е мал црв кој не му е ни до колена на нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.

Врањеш претходно ја раскажа својата верзија на настаните кои му претходеа на оваа естрадно фудбалска војна.

Јелена и јас се запознавме преку Инстаграм пред две години, кога се и почна. Си разменивме броеви и влеговме во се ова. За две години доживеавме и преживеавме се, од заеднички патувања, доаѓања кај мене во Атина, гледања на разни места, па дури и кај неа дома. Јас не сум ни патеник, ни психопат, како што таа сака да ме претстави. Повеќе таа е тоа и тоа сум подготвен да го докажам. Никого не присилував на ништо. Се беше доброволно, на обострано задоволство. Според тоа, господине и госпоѓо Карлеуша, вина барајте ја меѓу себе-порача Врањеш.

Инаку на интернет се појави и снимка која покажува и докажува дека Јелена била со Огнен во Атина



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.