Јелена карлеуша имала тежок нервен слом кофа на интернет се појавиле експлицитните фотографии со тврдење дека се доказ дека го измамила сопругот Душко Тошиќ со единаесет години помладиот фудбалер Огњен Врањеш.
Јелена била во студиото на Кошутњак и ги подготввуала своите кандидати за вториот круг натпреварување. По еден телефонски повик пребледела и без зборови го напуштила студиото и кандидатите, кои не ни стигнала да ги подготви до крај, вели избор од Гранд за Курир.рс.
Пријателите на Карлеуша велат дека кога стигнала дома, имала тежок нервен слом.
Не можела да дише, имала напад на паника. Врескала и го довикувала Душко. Мајка ѝ Дивна и најдобриот пријател Зоран ја одвеле на една приватна клиника, ја смириле и ѝ препишале терапија и мирување. ЈК не сакала да чека ниту минута, ги спакувала децата и одлетала за Кина за да разговара со сопругот.
Без разлика дали ѝ верува на сопругата или не, сево ова на Душко тешко му паднало. Тој е патријархално воспитан и се движи меѓу такви луѓе, па ваков скандал ниту тој ниту луѓето околу него нема да проголтаат.
Душко си ги обожава ќерките и важно му е семејството. Но, многу е бесен што Јелена воопшто стапила во комуникација со човек кој на онаков начин ја искористи за да стане славен, вели пријател на Душко.
Престојот на Карлеуша во Кина беше многу драматичен. Низ солзи му објаснила на мажот дека тој е единствениот маж за кого се интересирала и дека нема да преживее ако се разведат. Плачела со денови. Посебно ѝ е тешко што мајка ѝ е тешко болна и се потресува дополнително поради ова, што може да биде погубно за неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.