Јелена Карлеуша по секоја цена сака да го сочува бракот со Душко Тошиќ, па прибегнува на драстични мерки и го уценува сопругот. Малата од скандал има компромитирачки снимки на фудбалерот кои би можеле да му ги пореметат, не само кариерата туку и целиот живот и се заканува дека ќе ги објави доколку тој упорно опстојува во намерата да се разведе.
Откако во јавноста излегоа преписките на пејачката, фотографии и снимки кои ги разменувала со Огњен Врањеш, се шпекулира за нејзиниот развод од Душко. Како што се пишуваше, фудбалерот само два дена пред смртта на мајката на Јелена, Дивна, поднел документи за развод, но поради трагедијата процесот е одложен. Сепак откако поминаа 40 дена, фудбалерот решил конечно да ја остави пејачката, но таа грчевито се бори да го сочува бракот. Доказ дека нешто не е добро е тоа што Душко ја отследи од Инстаграм пред неколку дена, а брзо после тоа таа му врати мило за драго. Кога медиумите пишуваа дека тоа значи дефитинивен крај на нивниот брак, ЈК тоа го демантираше. Како што се дознава, таа има дебела причина да биде сигурна дека Душко ни овојпат нема да ја остави. Нејзин кец во ракавот е компромитирачко видео.
Јелена неколку мсеци пред да се дознае за неа и Огњен од познати доби фотографии и снимка од неколку минути, на кои Душко е во друштво и тоа во многу незгодна ситуација. Јас не смеам ни да кажам за што се работи, бидејќи самите шпекулации би покренале лавина на негативни случувања во неговиот живот – рекол изворот на српски Курир.
На инсистирање барем да наговести за што станува збор, тој рекол:
Кога тоа би се појавило во јавност, би го упропастило животот не само нему, туку и на луѓето кои се на снимката. Затоа Јелена е уверена дека ќе го задржи, бидејќи нејзиниот сопруг е пријател и џек – завршил изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.