Јелена Карлеуша толку е потресена од ненадејното заминување на мајка и Дивна, што никако не може да се помири со тоа дека веќе ја нема.
Кој и да е од пријателите и колегите кога влегува во куќата на Карлеуша да и изрази сочувство, пејачката само молчи и неподвижно гледа во една точка.
Како оваа трагедија ја потресла многу, Јелена со својот менаџер ги откажала сите настапи во наредните шест месеци.
Во домот на Јелена на Дедиње се чувствува тага во воздухот, а болката за мајка и не стивнува.
Јелена е скршена, ама во буквална смисла на зборот. Не може да гледа, да јаде, да пие. Не се поместува и само сака оваа агонија што побрзо да заврши – открива за медиумите извор близок до пејачката.
Според него прашање е дали Јелена ќе може да се појави на погребот на Дивна.
Се ова и падна многу тешко, секојдевно е на силни лекови за смирување. Како, тимот кој се грижи за неа е успаничен и договор е пред погребот да и дадат силна инјекција како би можела сето ова да го поднесе. Голема е болката и загубата со која се соочи – завршил изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.