Македонската актерка, Јелена Јованова, која со своето семејство живее во Загреб се огласи по силниот земјотрес што ја погоди Хрватска.

За 60 секудни бев облечена и излезена надвор. Минатиот пат ми требаа 180 секунди.  Напредок. Браво. Значи доста. Доста. П.С. Добро сме. Фала ви луѓе – напиша актерката на социјалните мрежи.

Јелена е во брак со хрватскиот актер Стјепан Периќ, а во јуни оваа година актерката го доби синот Јаков.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.