Пејачката го молела сопругот да го одложи враќањето во Кина за да биде покрај неа и да ѝ помогне полесно да го препроди тешкиот период додека тагува за мајка си
Јелена карлеуша не може да се помири со фактот дека останала без мајка си Дивна, за која била многу врзана. Цело време покрај неа е тетка ѝ Даниела, но најпотребно ѝ е да биде сопругот Душко, кој поради професионалните обврски мора да се врати во Кина.
Откако дознала дека починала Дивна, Јелена константно е на лекови за смирување и сè уште не е свесна за реалноста. Има потреба некој да биде покрај неа 24 часа, а најмногу има потреба од близината на сопругот.
Не оставај ме сама, не заминувај за Кина! Остани покрај мене, не можам да го издржам ова сама, не знам како ќе преживеам, наводно му рекла Карлеуша на Тошиќ, кој поради договорот со фудбалскиот клуб Гуангжоу мора да се врати во Кина.
Изворот на Курир тврди дека од стресот ЈК на моменти останува без глас.
Многу е лошо. По цел ден плаче и ја повикува мајка си, Не сака ќерките да ја гледаат таква, па девојчињата се кај тетка им во Зрењанин, вели изворот на Курир.рс, кој додава дека блиските на Јелена даваат сè од себе за да ѝ помогнат да ја надмине депресијата.
Сè му падна на Душко на грб. Максимално се труди да ѝ ја ублажи болката. И нему тешко му падна смртта на Дивна, ја сакаше и ја ценеше.И тој беше врзан за неа, особено откако се разболе. Даваше сè од себе за да ѝ помогнат. И јавно зборуваше дека има најдобра баба на светот и дека ѝ е благодарен за сè што направила за него. А Јелена ја разбира, зашто и тој пред шест месеци го изгуби татка си, раскажал неименуваниот извор за Курир.рс.
Душко е недостапен за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.