Српската естрадна ѕвезда, Јелена Карлеуша, ги воодушеви фановите со една новогодишна фотографија.
На свој карактеристичен начин, Јелена им ја честита новата година облечена во секси костим на Дада Мразица во кој сите нејзини адути се најдоа во преден план.
Таа доби бројни комплименти од обожавателите на сметка на изгледот, но и честитки и желби за подобра година.
Истовремено, Јелена се пофали дека Дедо Мраз веќе пристигнал во нејзиниот дом, а притоа и ги покажа даровите што пристигнале.
Чевли, чизми, чанти и бројни модни додатоци се само дел од подароците што дивата веќе ги има добиено на нејзината домашна адреса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.