Непозната девојка се појавила на настапот на Дарко Лазиќ во Франкфурт и сите присутни ги шокирала со тврдењето дека пејачот е татко на нејзиниот тригодишен син. Според зборовите на изворот на српски „Курир“, таа молела да разговара со Лазиќ, но обезбедувањето ја спречило во тоа.
Тоа беше вистински хаос. Сосема обична вечер се претвори во утврдување на татковство. Јас бев на влезот од клубот во кој Дарко пееше, имаше многу гужва, немаше игла каде да падне. Сите беа убаво расположени и со нетрпение го чекаа да излезе на сцена. Меѓутоа, во клубот забележав и една девојка која направи сцена и која инсистираше да ја спроведат до Дарко. Зборуваше дека итно мора да го види затоа што треба да му соопшти нешто многу важно. Љубезно ѝ кажаа дека дискотеката не е место за расчистување на интимни проблеми и ја замилија да не прави проблем, но таа не сакаше да ги послуша. Откако не ја пуштија им кажа да му соопштат на Дарко дека има уште едно дете, но обезбедувањето не обрна внимание на нејзините зборови, открил изворот.
Заа оваа ситуација бил информиран и Дарко, кој останал во шокж.
Дарко рече дека нема вонбрачно дете, а истакна дека ако го има, ќе го признае. Се исплаши дека некој го мести и затоа не сакаше да разговара со девојката. Рече дека не познава никаква Јасмина од Франкфурт. Пејачот не можеше да поверува на што сè се спремни жените и како ги користат децата за манипулација. Сепак, сè се заврши добро. После концертот Дарко се сликаше со фановите и делеше автограми, заклучил изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.