Синот на актерката Јана Стојановска и кошаркарот Андрија Бојиќ се роди во седмиот месец, откако сосема неочекувано, два месеци пред терминот за породување, на Јана ѝ пукнал водењакот. Малиот Ненад, кој го носи името на својот дедо, по два месеца поминати во болница во Букурешт, сега е дома.
Актерката, која во Романија се пресели поради ангажманите на сопругот за кошаркарскиот клуб „Волунтари“, за „Женски магазин“ раскажува низ што поминала изминативе месеци и што ѝ давало сила да верува дека со нејзиниот син, сепак сѐ ќе биде во ред.
До последно се опирав на името Ненад, едно затоа што ме врзува за татко ми, а неговата загуба ми е едно трауматично искуство, а друго, затоа што сакав да има некое име какво што никој друг нема да има. Андрија од друга страна сакаше југословенско име. Кога нѐ „изНЕНАДИ“ сите, почнав да попуштам, ама кога ги видов бројките на часовникот во салата, 12:52, си реков- готово, Ненад. Во 1952 година беше роден татко ми, вели Јана за порталот.
Повеќе на „Женски магазин“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.