Фолк пејачот Џеј Рамадановски почина денеска на 56 години. Српската естрада се простува од него.

Пејачката Јана Тодоровиќ дознала за смртта на Џеј во емисија во живо, па почнала неутешно да плаче. Во негова чест со солзи во очите ја испеала „Недела“ и додала дека Џеј бил прекрасен кон младите пејачи и подготвен да помогне.

Изгубив брат… не можам да зборува, рекол кусо Аца Лукас за сроските медиуми.

Што е ова, сите умираат… Знам дека имаше проблеми со срцето, шокирана била и Мина Костиќ.

Го донесе наѓ пријател и ми рече знае да пее. За жал, и Зоки е покоен. Џеј ни пееше, играше, бевме фасцинирани, такво глас, таква енергија. една душа… но, знаете како – оваа работа е сурова и не ја поднесуваат сите исто, а тој, пак, како цел живот да му тераше инает на животот. Фута се слушаше со него, јас не, заради короната и мојата болест. Алкохол, дрога… Не е единствен. Не знаев, пред 15 минути дознав дека умре. Во шок сум иако се плашев, тој инает негов, не требаше тоа да го прави, изјавила Марина Туцаковиќ..

„Недела, а веќе нема да ве прегрнам“… само што дознав дека престанало да чука големото срце на нашиот Џеј. И тоа баш во недела. „Далеко негде сад на пут без повратка ваш син се сада спрема“. Нека ти е светол и блескав тој пат, драг колега. Искрено сочувство за семејството. Ана и Милутин, напишала Ана Бекута на Инстаграм.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.