Фолкерката Сека Алексиќ е трудна и чека второ дете. Пејачката ја потврдила убавата вест и открила дека е на почетокот од бременоста и тоа во емисијата на Иван Ивановиќ која се емитува вечерва. Сека и нејзиниот сопруг Вељко го имаат синот Јаков, а таа во повеќе наврати имаше изјавено дека едвај чека повторно да се оствари во улогата на мајка.

Фолкерката јавно зборуваше и за маките со кои се соочила во намерата воопшт да се оствари како мајка.

Среќни сме! Со божја помош и со нашата најдобра докторка повторно ќе се оствариме како родители и нема поубава работа за нас од оваа“, рече Сека во едно интервју.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.