Не, не би бил повторно со Карлеуша. Сепак не можам да кажам дека не беше убаво. Сега за ништо не ја обвинувам, бидејќи тогаш само сакаше да го спаси својот за*ник. Не може јас да бидам крив што маж и и ги нашол пораките, се допишуваше со мене, не треба таа мене да ме валка, да зборува дека сум ваков, онаков, туку тоа да го реши со своето семејство – одговорил фудбалерот Огњен Враѓеш во „Сценирања“ на прашањето дали повторно би бил со дивата.
На прашањето пак што би и рекол ако се видат повторно, тој тврди дека не би и рекол ништо.
Само би поминал крај неа бидејќи толку е очајна и јадна, што не би сакал да и застанувам на маката – тврди Врањеш кој додава дека не му е жал за начинот на кој се се завршило и дека сега се би направил седум пати полошо.
Тој потврди дека пејачката ја запознал преку социјалните мрежи.
Најлоши се социјалните мрежи. Малку ме навредува кога се зборува дека таа е некој и нешто, а јас никој и ништо. Јас сум некој и нешто, мене таа ми е смешна. Еден телефонски повик можеше се да заврши. Можеше да каже како стојат работите. После тоа не бевме во контакт- рекол Врањеш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.