Српската пејачка Емина Јаховиќ неодамна проговори за односот со поранешниот сопруг Мустафа Сандал, а во таа прилика пејачката открила дека тој не ги исполнува своите обврски кон своите синови.

Имено Емина тврди дека откако се развеле во 2018 година, а тоа е повеќе од две години тој не ја плаќа алиментацијата за нивните два сина Јаман и Јавуз.

Мустафа повеќе од две години не плаќа алиментација за нашите синови, сите обврски се на мене, вели пејачката и додава дека нејзиниот поранешен сопруг не го почитувал договорот кој го имале меѓусебно.

Требаше да ни купи куќа во Белград, но тоа не го направи. Исто така имавме договор да го покрие здравственото осигурување на децата. Најтешко ми падна кога отидов на лекар и докторот ми кажа дека на децата не им било платено здравствено осигурување со месеци, вели пејачката за српските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.