Владана Раилиќ, манекенката која ја поврзуваат со Душко Тошиќ, доживеала сообраќјка и тоа поради заканите што ги добивала на инстаграм од обожаватели на Јелена Карлеуша. Владана патувала од Белград за Младеновац, каде што живеат нејзините родители, кога почнале да пристугнуваат заканувачките пораки, од кои доживеала нервен слом.

Со автомобилот управувала нејзината сестра, која се обидувала да ја смири додека вози, па се забила во банкина.

Владана била итно префрлена на Ургентен, каде што биле констатирани повреди на левата нога.

Владана е избезумена. Не веруваше дека врскат со Душко ќе ѝ го уништи животот. Исплашена е! Фанатици кои ја поддржуваат Јелена ѝ пишуваат дека ќе ја силуваат, ќе ја черечат, ќе ја истрижат ќелава. Поради тоа постојано е на седативи, не престанува да плаче. Штом ќе ѝ заѕвони телефонот, мисли дека е Јелена, па цела се одзема. Преплашено е и цело нејзино семејство. Во Младеновац ја маваат со јајца, ја викаат швалерка, курва. Животот ѝ се претвори во пекол, но свесна е дека самата е виновна, зашто се впуштила во врска со оженет човек, тврди извор близок на поранешната љубовница на Душко.

Соговорнуикот додал дека дополнително тешко ѝ паѓа тоа што со денови не се чула со Душко, зашто тој беше со Јелена во Дубаи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.