Групата Милиграм се огласи утринава на социјалните мрежи со тажна вест. Басистот на популарната група, Слободан Васиќ ја изгуби битката со болеста.

Денеска после кратка и тешка болест почина басистот на Милиграм, Лима Слободан Васиќ(33). Секоја секунда во неговиот живот носеше насмевка, неверојатна енергија која ја делеше несебично околу себе, правејќи едноставно животот на сите во неговата близина да биде поубав. Почивај во мир брате, во нашите срца ќе свириш додека знаеме за тебе. Засекогаш твој Милиграм – пишува на Инстаграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.