Српскиот пејач Дарко Филиповиќ пред два дена преживеал вистински пекол откако доживеал сообраќајна несреќа.
Ја избегнав смртта за влакно, буквално ја гледав во очи, беше страшно – вели пејачот за српските медиуми.
Тој раскажува дека не бил крив и дека другиот шофер возел толку брзо во населено место што не ни го видел кога поминувал.
Кога ме удри, мојот автомобил се сврти 360 степени, не знаев што ме снајде. Да бев во некој друг автомобил од мене немаше ништо да остане – вели Филиповиќ.
Тој вели дека во болница бил веднаш пренесен и дека таму поминал цели пет часа.
Го возев автомобилот на сопругата, а сега не знам каде е истиот, бидејќи го земаа од шлеп службата. По моја проценка штетата на автомобилот е тотална – вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.