Џен и Бред конечно им го дадоа на луѓето она што со години го посакуваат. Вака таблоидот „ТМЗ“ ја оцени средбата на поранешните сопружници Џенифер Анистон и Бред Пит на синоќешното 26. по ред доделување на актерските награди (Screen Actors Guild Аwards).

Прво Пит освои награда за улогата во „Беше еднаш во Холивуд, а таа се топеше додека го слушаше неговиот говор.

Потоа, додека Пит сè уште беше зад сцената, Џенифер ја доби својата статуетка за „Утринското шоу“. Тој остави сè и застана да го гледа екранот и нејзиниот говор, не симнувајќи ја насмевката од своето лице.

На крај, тие конечно се сретнаа и си честитаа, а Бред е уловен во моментот кога едноставно не сакаше да ја пушти од раце.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.