Српската пејачка Мина Костиќ се поретко се појавува во јавноста, а минатата година беше тема на медиумите кога беше пишувано за нејзиното вистинско име и потекло.

Нејзиното вистинско име е Минира Јашари, а таа е родена во селото Орашје во Босна и Херцеговина. Како што истакнала многу пати, таа никогаш не се срамела од нејзиното потекло, но бидејќи условите за живот на нејзиното биолошко семејство биле многу тешки, Мина била дадена на посвојување кога имала пет години.

Покрај нејзините биолошки родители Зоја и Али Јашари, Мина е многу поврзана со нејзината “втора мајка” Дуда, која ја одгледала и со која ги сподели радостите од детството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.