Огњен Врањеш ја спушта топката откако го извади на виделина сиот валкан веш од двегодишната тајна врска со поп дивата Јелена Карлеуша и на секој можен начин се обидува да се смири со пејачката.

Фудбалерот ја следел манифестацијата MAЦ, на која Карлеуша ја промовира новата песна „Лајк“, а освои и награда за соработката со Аца Лукас, па веднаш по настапот на поранешната љубовница, преку пријател ѝ испратил порака дека му е жал и дека се уште ја сака.

Веќе некое време Врањеш размиислува како да ѝ се доближи на Јелена. Сакаше по секоја цена да ја раздели од Душко, па затоа ги објави во јавност нејзините порнофотки, снимките и жешката преписка. Но, кога сфати дека ЈК ниту после тоа нема да се разведе, се покаја и сака да ја обнови врската која траеше цели две години, вели извор близок на парот.

Бидејќи ЈК го блокирала на сите мрежи, не може да стапи во директен контакт со неа, па преку заеднички пријател ѝ ја испрати следнава порака: „Извини за сè… Сè уште те сакам. Жал ми е што отиде сево ова предалеку. Бев повреден. Во целото тоа лудило не знаев што правам. Се каам. Може ли да се видиме?“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.