Почетокот на 2019 година дефинитивно ја одбележа скандал во чие средиште беше Јелена Карлеуша, кога се појавија гласини за нејзината наводна афера со фудбалерот Огњен Врањеш. После многу месеци, Јелена реши да проговори.

Најпрво се појавија шпекулации и контраверзни фотографии за нејзината наводна поврзаност со босанскиот фудбалер, по што пејачката се позанимава со тужби против одредени медиуми, а потоа и против самиот Врањеш.

За сето тоа време, нејзиниот сопруг Душко Тошиќ и беше голема поддршка и стоечки ја поднесе вистинската бура која беснееше во медиумите и на социјалните мрежи. Се шушкаше дека парот се разведува, но нивните заеднички одмори и појавувања тоа го демантираа, па сега пејачката уште еднаш реши да го изрази своето воодушевување кон сопругот.

Му се восхитувам на Душко. Испадна голем господин. Така се игнорираат глувците и баграта. Од него треба да се учи. Заслужи почитување и големо извинување за целиот пекол кој заради мене го помина во медиумите – истакна Јелена.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.