Деми Мур се појави на Британските модни награди за 2021 година што се одржаа во Ројал Алберт Хол во Лондон, но наместо на црвениот тепих сите да го забележат нејзиниот гламурозен изглед, сите ја коментираа драстичната промена на нејзиното лице. Имено, сè повидливи се трагите од естетските корекзии на лицето на холивудската актерка, а на кои таа продолжува да се подложува. Многумина веруваат дека веќе претерала со процедурите и дека изгледа малку изобличено и неприродно.

Иако 59-годишната актерка се појави облечена во коктел фустан со отворени рамена, кој соврешно одговара на нејзината фигура, нејзиното некогаш издолжено лице сега изгледа позаоблено. Брчките се истегнати, а дополнително истакнати ѝ се јаболчниците. Кожата од врвот на челото до под брадата е позатегната од кога било, што прави нејзиниот тен да изгледа неприродно мазен.

Следбениците на социјалните мрежи беа шокирани од изгледот на саканата актерка. „О, Боже мој, си го уништи тоа убаво лице“, „Што по ѓаволите направи со твоето лице?!?“, „Како Деми Мур успеа да го направи своето лице да изгледа како некој да го завиткал со жица“ – се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.