Модната дизајнерка и поранешна актерка Мери Кејт Олсен (33) поднела барање за развод од нејзиниот сопруг, францускиот банкар Оливие Саркози (50) уште на 17 април, но сè е стопирано поради пандемијата на коронавирусот.
На Мери Кејт тогаш ѝ рекле дека судовите во Њујорк „не прифаќаат пријави за развод за време на пандемијата“. Оливие ѝ наредил на Мери-Кејт брзо да се исели од нивниот стан во Њујорк, но тој не ѝ признал дека не ја платил киријата за станот. Банкарот ѝ дал рок да се исели до 18 мај, иако таа побарала до 31 мај.
Иако Мери Кејт и нејзината сестра Ешли се меѓу најбогатитe луѓе во светот, модната дизајнерка во моментот не е во состојба да управува со својот имот затоа што е во процес на развод, а со самото тоа и поделбата на имотот.
Затоа, таа не може да ги подмири обврските за изнајмувањето на станот и останува без дом среде општа карантинската состојба во Њујорк.
Оливие Саркози е полубрат на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.