Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ веќе не се во љубов, барем не на социјалните мрежи.

Бројот на луѓе кои Карлеуша ги следи од вчера се намали од 38 на 37, затоа што името на нејзиниот актуелен сопруг веќе не е меѓу нив, а ситуацијата е иста и кај Душко, и тој ја отследил.

Не е ова прв пат сопружниците да се скараат на социјалните мрежи. Во април годинава, само три месеци после порно скандалот каде главни актери беа Карлеуша и Огњен Врањеш, се случи истото.

Тогаш Душко прв ја отследи Јелена, а пејачката веднаш возврати во иста мера. Сепак, после неколку дена ситуацијата се промени и Тошиќ објави фотографија со Јелена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.