Јелена Карлеуша му поставила ултиматум на сопругот Душко Тошиќ за време на бурната кавга минатиот викенд во Турција.

Нивната кавга била толку жестока, што Јелена го напуштила станот кој го имаат во Истанбул и отишла во хотел.

Јелена поминала 4 дена во Истанбул со тетка и и другарка и Јована, додека за тоа време Душко бил во Кина. Тие право од аеродром отишле во луксузниот стан на фудабелрот во елитниот Зорлу центар. Веднаш по доаѓањето, Јелена и Душко се слушнале по телефон и почнале да се караат поради нејзината афера со Огњен Врањеш, со кого баш тие денови требаше да се соочи на суд. Душко во бес побарал развод и нагласил дека е најдобро тоа да го направат по кратка постапка. Карлеуша се изневрирала па го уценила: Добро ќе ти потпишам развод, но само ако веднаш ми дадеш 5 милиони евра – открива извор кому Јелена му се доверила по враќањето во Белград.

Фудбалерот на кинескиот Гванжу збеснал и веднаш ја отследил Јелена на Инстаграм. Таа потоа ги спакувала работите и се префрлила во хотел, каде ги минала следните три дена.

Со тетка и и пријателката отишла во Кемпински каде ноќ чини по 400 евра по лице. Дури рекла дека 5 милиони се малку, со оглед на тоа дека тој е „тежок“ околу 20 милиони – тврди изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.