Веќе подолго време се говори за проблеми во врската на манекенката Ирина Шајк и глумецот Бредли Купер, а извори блиски ним откриваат дека сега двојката „се обдува да сфати зошто воопшто се сè уште заедно“.
Шајк, според изворот, веќе се иселила од домот, во кој покрај нив, живее и нивната двегодишна ќерка Леа де Сејн Шајк Купер.
Гласините за проблемите во врската меѓу манекенката и актерот се појавија по филмот „Ѕвездата е родена“ и наводниот близок однос меѓу Купер и неговата колешка од сцената – Лејди Гага. Приказната особено ја зачини нивниот емотивен заеднички настап на доделувањето на Оскарите коешто Ирина го гледаше во публика.
На годинешната Мет гала пак, Ирина Шајк на црвениот тепих се појави сама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.