Веќе неколку дена се „шушка“ дека глумецот Бредли Купер (44) емотивно се оддалечил од Ирина Шајк (33) за време на снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“ со Лејди Гага (33). Сепак, англиските медиуми јавуваат дека за емотивниот однос сепак пресудила пејачката. Наводно, кавгите помеѓу Ирина и Бредли биле толку чести што глумецот повеќе не можел да го поднесе нејзиниот притисок.

Односот на Бредли со Ирина почна да се нарушува кога го почна снимањето со Гага. Таа повеќе пати го обвинила дека ја измамувал со неа. Ја загубила секоја доверба во него, рекол извор близок до парот за Mirror.

Наводно, манекенката се чувствувала загрозено, а најтешко го поднесувала тоа што нејзиниот партнер постојано бил со Гага. Секојдневно имала љубоморни испади, а врската со месеци наназад им била „разнишана“.

На прашањето дали по прекинувањето пејачката и глумецот ќе бидат во емотивна врска, изворот кусо договорил:

Нема шанси Гага и Бредли да завршат заедно. Не сега – навистина се добри пријатели и постојано зборуваат, но не е во негов стил веднаш да ‘скокне’ во друга врска. Посебно после сите трачеви за нив за време на снимањето на филмот ‘Ѕвездата е родена’.Тој не би го направил тоа.

Освен што не го поднесувала секојдневното дружење, Ирина ја погодувале и разните приказни кои кружеле со месеци.

Блискоста на сцената ја објасниле со уживувањето во ликовите, но непријатната насмевка на Ирина која ја набљудувала изведбата говорела нешто друго. Од друга страна, Гага во неколку наврати негирала било каква недолична врска со Купер, а на недамнешната изведба на песната „Shallow“, на фановите им порачала да бидат љубезни или да „од****т“.

Изворот за People.com открил дека Бредли бил емотивно отсутен за време на повеќемесечното снимање и дека парот на крај се е обидел да ја спаси врската, но таа се променила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.