Гласините за љубовната врска меѓу Наоми Кембел (48) и Лиам Пејн (25), се точни, пишува британски „Сан“. Двојката е во контакт повеќе од два месеца и многу се вљубени еден во друг.
Младиот пејач наводно не може да поверува колку е среќен, а Наоми му помага во кариерата како модел и веќе го запознала со сите влијателни луѓе на светската модна сцена.
Тој вели дека сексот им е неверојатен, открива пријател на Пејн за новинарите, додавајќи дека хемијата меѓу нив двајца навистина се гледа.
Парот неколкупати беше „фатен“ од папараци, а заедно патувале во Гана.
Не е тајна дека поранешниот член на „Уан дирекшн“ сака постари жени, а неговите пријатели велат дека во Наоми Кембел лудо се вљубил и не можел да поверува дека таа го избрала него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.