Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш ја криеле својата афера скоро две години, а после сите преписки кои се обелоденија, излезе и нова преписка во која се гледат љубоморните испади на Карелуша, бидејќи тој во исто време бил и со пејачката Катарина Грујиќ.
Ноќта на 23 мај 2018 година ЈК му упатила низа пораки на Огњен затоа што дознала дека тој е со пејачката Катарина. Карлеуша оваа информација многу ја погодила, па изгубила компас и почнала да ги навредува и колешката и љубовникот.
Им праќаш цвеќе на несреќнички. Се бакнуваш со најстрашните силиконски усни, полоши од Мими Оро… Се е*еш со најлоши кафеански ку*ви, го допре дното – напишала ЈК во првата порака на Врањеш.
Како што се дознава, таа цела вечер му праќала навредливи пораки, бидејќи не можела да ги контролира бесот и љубомората.
Јелена сметала дека тој е само нејзин, бидејќи му ја објаснила ситуацијата во бракот и му докажувала дека нејзиниот однос со Душко се чиста формалност, па мислела дека и Огњен ѝ е верен. Кога дознала дека се мува со Каќа, доживеала нервен слом. Прво му ѕвонела, а бидејќи не ѝ кревал, следувале пораки во кои најлошо ги исплукала, прво Каќа, која ја нарекувала кафеанска курва, силиконка и со други погрдни имња, а потоа нему му рекла дека е нула од маж кој се задоволува со такви жени. Таа се чувствувала измамено – рекол добро информиран извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.