Игор Џамбазов во интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за љубовта со алпинистката Илина Арсова.

За време на разговорот, Џамбазов откри како се запознале со Илина и како почнала нивната љубовна врска.

Се запознавме уште пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе. Потоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. По неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време, сè додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а после тоа сè е историја – раскажа Џамбазов.

Тој призна и дека врската со Илина е сериозна.

Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано сè нека се случува. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае – најави шоуменот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.