Македонскиот шоумен Игор Џамбазов, на социјалните мрежи честопати објавува мудри мисли поврзани за животот, приватни фотографии со неговата сакана Илина, но и фотографии од архива со кои се потсетува на некои дамнешни времиња.

Неговата најнова објава е последната заедничка фотографија со неговите родители, неговиот татко, композиторот и диригент Александар Џамбазов и неговата мајка, бардот на нашето глумиште – Анче Џамбазова, неговите баба и дедо, а фотографијата е направена пред 27 години.

Последната заедничка фотографија…1993…тато, мама, баба и дедо 5-ре… – напиша Игор заедно со фотографијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.