Дарко Лазиќ доживеа сообраќајна несреќа на 23 октомври минатата година. Од здобиените повреди се уште закрепнува, а во моментите кога било најтешко, поранешната сопруга на фолкерот, Ана Севиќ имала задача нивната ќерка Лорена да ја спаси од шок.

Лорена се распрашувала за својот татко, но не била свесна што му се случило.

Среќа во несреќа во целата ситуација беше тоа што Лорена беше навикната Дарко да не е тука. Да не е секојдневно присутен. Искрено,таа не ни забележуваше дека го нема. Јас се трудев да изгледам расположено и среќно, а и на сите луѓе од нејзното опкружување им беше кажано да не и зборуваат ништо, бидејќи таа е мала – рекла Ана во премиера.

Таа додала дека не постои ништо што може да ја испровоцира лошо да зборува за поранешниот сопруг.

Ја нема таа лага која ќе ме натера нешто да кажам за мојот и бракот на Дарко – рекла пејачката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.