Марина Туцаковиќ се уште се бори со тешката болест, а како што вели најмногу и недостасуваат пријателите.

Текстопистката ја отвори својата душа и призна како се чувствува во моментов. Туцаковиќ истакна дека се е препуштено во рацете на Бога и дека ќе живее онолку долго колку што сака тој.

Луѓето секојдневно ме прашуваат како сум, а јас со насмевка на лицето им одговарам: За некој кој е мртов, одлично!, рече Марина.

Откри и дека најголемата поддршка ја добива од семејството и пријателите.

Излегувам, но поретко. Би сакала да можам повеќе да пијам, но не смеам поради лековите. Дозволени ми се една или две чаши, но некогаш знам да се напијам и малку повеќе. Пробав да ги откажам пороците, но не успеав, уште пушам цигари. Се хранам здраво, јадам по три пати на ден затоа што сум на инсулин, но не се откажувам, додала Марина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.