Северина Којиќ, според пишувањата на хрвтаските медиуми, полека ги губи конците во кариерата. На почетокот ја прекина соработката со долгогодишниот менаџер, Томица Петровиќ, а сега уште еден маж призна дека ја напуштил.
Во прашање е басистот Хенри Радановиќ, кој за порталот 24 сата, признал дека нема веќе да соработува со Северина Којиќ. Тој, како што пишува порталот, во почетокот избегнувал да даде коментар.
Баш сте упорни. Не сакам да зборувам, немам коментар – рекол тој.
Сепак новинарите биле упорни и открил што навистина се случува.
Вистина е дека нема веќе да свирам во нејзиниот пратечки состав. Во моментов двајцата имаме други планови за што во неколку наврати разговаравме. Ние секогаш ќе бидеме пријатели – рекол меѓу другото басистот.
Инаку хрватски 24 часа, пишува дека Северина доживела голем дебакл, дека и пропаднале три концерти, дека откажала сорабтока со адвокатот, ПР и менаџерот кои ја следеа за време на целата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.