На некои им се допадна, на некои не идејата на Тамара да го исттовира стихот од химната кој не го испеа на 4 јули во Американската амбасада. Како и ад е, неколку дена македонскиот етер зборува за Тамара, за „Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Сандански“.

Во интервју за Бекстејџ, кога Тамара го најави новиот цртеж на своето тело рече дека тетоважите се траги од моменти кои одбележале некое време, а пехот со химната е сигурно нешто што оставило голем белег во нејзиниот живот. Таа  изјави дека ја боли тоа што луѓето не ѝ верувале дека грешката била ненамерна, а се надева дека тоа еден ден ќе избледи и ќе престанат да ја мразат, бидејќи таа е свесна дека има доволно добро направено за својата земја.

Сепак, кругот мора да се затвори, а за последната точка во бесконечниот муабет за Тамара и химната ја впишува Игор Џамбазов, голем пријател на Тамара и уште поголем шегаџија.

„Секој со своите гревови“, напиша Игор и ја покажа својата тетоважа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.