И грчките портали, меѓу другите, повеќе од еден месец будно ги следат случувања меѓу Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш, а интересот за аферата што е во центарот на јавното и медумското внимание произлегува од тоа што фудбалерот ` е познат на тамошната јавност поради ангажманот во атинскиот ФК АЕК.
Па така, денес грчкиот портал „to10.gr“ објави пораки кои наводно Јелена и Огњен ги размениле во времето кога биле во добри односи.
Во пораките, поп-пејачката го моли „дефанзивецот“ за трпение, укажувајќи му дека го сака бидејќи покрај него е среќна и насмеана и потенцирајќи дека не може да се разведе со сопругот, пред се’ поради децата, а потоа и поради светот, и дека Душко мора да биде тој што ќе даде причина за развод, правејќи „грешка во чекори“.
И додека домашните и странските медиуми се’ уште се занимаваат со аферата Карлеуша-Врањеш, популарната пејачка на Инстаграм се потсети на еден свој стар статус, првобитно објавен на нејзиниот твитер-профил (кој моментално не е во функција, а постои веројатност и да и’ е хакиран), а гласи:
Јас сум лав. Јас сум секогаш во право. Јас сум најубава, најзгодна, најпаметна. Јас имам најмногу стил. Јас сум центарот на светот. Што си ти во хороскоп? Иако е тотално небитно…“, се зборовите што Карлеуша ги објави со придружната фотографија, пренесува www.kurir.rs.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.