Откако изби аферата на Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш, медиумите прво го поштедија сопругот на пејачката Душко Тошиќ, па го сожалуваа и малтене сочувствуваа со неговата семејна трагедија, се срамеа со неговиот срам, и се чудеа со сето чудо зошто ѝ го простува сево ова, а на крајот решија да прочепкаат и низ неговиот веш за да видат да не има и таму некое пмомладо и посочно парче колач.
Епа српските весници открија дека и Душко Тошиќ не бил толку наивен.
Наводно, Душко имал афера со една од најзгодните српски манекенки Софија Милошевиќ. Таа неколкупати и го посетила во Кина, каде што настапува фудбалерот, а се сретнале и околу Нова година, кога Тошиќ беше вратен во Србија, дознава Информер.
Душко и Софија се запознале лани во октомври преку заеднички пријатели, а подоцна почнале да се допишуваат и да се гледаат. Тој одлепил за Софија, па дури и заедно излегувале и јавно се бакнувале на белградските сплавови.
По кратката афера, Душко им се вратил на обврските, но продолжиле да се допишуваат и повторно се виделе за Нова година иако Јелена и децата биле дома.
Софија е позната дека сака спортисти, а претходно беше во врска со фудбалерот Адем Љаиќ и со тенисерот Виктор Троицки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.