Повеќе од 500 гости се очекуваат на свадбената веселба на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ. Синот на Цеца и Аркан денеска го кажа судбоносното „да“ во храмот „Свети Сава“ во центарот на Белград, а свадбарите веќе се собираат во хотелот „Хајат“ каде се одржува „свадбата на деценијата“, како што ја нарекоа српските медиуми.
Меѓу познатите личности, новинарите ги уловија и Жељко и Јована Јоксимовиќ, Милан Калиниќ, Саша Матиќ, Аца Лукас…
На веселбата предмалку пристигна и министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, кој им посака среќа и благосостојба.
На прашањето дали ќе запее, Дачиќ кој е познат по тоа што често се фаќа за микрофонот, на новинарите им одговорил:
Искрено, и мене ме интересира тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.