Пандемијата го загрози животот на сите, па и на пејачите. Целата балканска естрада, па и јавноста е на нозе- дали треба да им се дадат пари, поради пропаднатите тезги и концерти и поради тоа што поголем дел од нив се самостојни и неосигурани.
Во Хрватска заега е познато дека само Северина, како самостоен изведувач се пријавила за минималец. Хрватските медиуми пишуваат дека на Северина и паднала работата за повеќе од 20 проценти, па затоа барала помош од државата за исплата на плати и се задоволила со основниот услов за државна поткрепа.
Не е познато дали уште некоја естрадна ѕвезда побарала пари од државата, но во Хрватска имало околу 20.000 луѓе кои се регистрирани како даночни обврзници со самостојни професии и можноста да побараат и други нејзини колеги не е исклучена, пишуваат медиумите во Хрватска.
Во Србија, прва која побара пари од државата е познатата по ѕвезда Неда Украден. Таа изјави дека државата во рамките на пакетите за помош на фирмите, земјоделците, бизнисмените, треба да се помогне и на пејачите, кои поради пандемија останале без настапи и немаат месечни примања.
Оваа изјава на Неда ја крена цела естрада на нозе во Србија и ги подели пејачите. Некои се согласуваат за парична помош од државата, додека дуги велат: Срамота е да барате, продајте си ги вилите, мерцедесите, па ќе имате“.
Прв на списокот кој е против на пејачите да им се помага е фолкерот Аца Лукас, кој жестоко ја нападна Неда, која , пак, му одговори дека не бара за себе, туку за други колеги.
Кога околностите се нормални заработуваме повеќе од просечниот граѓанин на Србија. Тоа значи дека нема потреба да ни се помага. Сигурен сум дека постојат многу позагрозени луѓе од пејачите и дека е срамота покрај оние што живеат и работат за 200 евра месечно и они да земаат пари од државата, рече Лукас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.