Иако голем број светски познати јавни личности го одбележуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, некои од нив, како што се холивудските актери Том Хенкс и Кристијан Бејл, Ким Кардашијан и манекенката Наоми Кембел, најголемиот православен празник го слават на 7 јануари, според Јулијанскиот календар.
Некои познати ѕвезди одлучиле да го слават Божиќ во јануари поради претците, некои поради партнерот, а некои поради љубовта кон православието.
Па така, оскаровецот Том Хенкс, кој е роден католик, премина во православната вера откако се ожени со колешката Рита Вилсон, која е со грчко-бугарско потекло.
Слична е и приказната со Кристијан Бејл, која ја прифати православната вера по бракот со Сиби Блажиќ, манекенка со српско потекло.
И британската манекенка Наоми Кембел одлучи да го слави Божиќ според Јулијанскиот календар поради својот партнер – рускиот тајкун Владислав Дороњин.
Утре слави и Џенифер Анистон, која правословната вера ја наследи од татка си Јанис Анастакис, кој е Грк, но кој се раководи според Јулијанскиот календар.
Иако е родена во Лос Анџелес, популарната Ким Кардашијан има ерменско потекло, па слави на 6 и 7 јануари.
И познатиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер откако е во брак со српската тенисерка Ана Ивановиќ слави два Божиќа – католички и православен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.