Поранешната зајачица на „Плејбој“ Холи Медисон изјави дека Хју Хефнер не ѝ дозволувал да го промени изгледот, а ја навредувал откако ја скратила косата. Како што рекла, Хефнер наводно користел седатив за да ги принуди девојките да „бидат послушни“.
Бев во безизлезна ситуација, не знаев што да правам, рекла Медисон во трејлерот за документарниот серијал „Тајните на Плејбој“ кој со прикажување ќе започне на 24 јануари.
Таа била во вилата на Хју Хефнер од 2001 до 2008 година и тврди дека тој цело време психички ја малтретирал.
Се скршив под притисокот што морав да изгледам идентично со другите девојки и затоа еден ден решив да ја скратам својата долга руса коса, рекла таа.
Таа додала дека Хефнер полудел и почнал да ѝ вика бидејќи „изгледа старо и евтино“.
Хефнер истакнуваше дека не дозволувал консумирање никаков ви седативи, но тоа било лага.
Квалуд беше искористен за да им помогне на жените да се опуштат и да се согласат со неговите болни игри. Ни даваше половина апче бидејќи ќе се онесвестевме од поголема доза, раскажала Сондра Теодор, поранешната девојка на Хју Хефнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.