Германската манекенка и супермодел, четириесетишестгодишната Хајди Клум, е на меден месец со 17 години помладиот сопруг Том Каулиц. Тие во тајност се венчаа во февруари годинава, а минатиот викенд направија и втора свадбена веселба, што ја организираа на луксузна јахта во Италија.

Познатата манекенка и музичарот, кој е познат како гитарист на бендот Tokio Hotel, решија во Италија да го поминат и медениот месец.

Тие се снимени како уживаат на плажа во Капри, а освен четирите деца на Хајди, на медениот мeсец беше и братот близнак на Том, Бил Kаулиц, кој е пејач во бендот. На Хајди не и пречеше друштвото за таа да ужива во топлес сончање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.