Американката пејачка со албанско потекло, Бебе Реџа, го следи примерот на својата колешка, Дуа Липа, која е британската пејачка со албанско потекло, и тврди дека македонскиот ајвар е албански специјалитет.

Реџа на својот Инстаграм профил објави видео на кое мачка парче леб со ајвар и коментира дека станува збор за „албански специјалитет што сите го сакаат“, кој „добро оди со јајца“.

Притоа на видеото јасно се гледа дека на теглата пишува „македонски ајвар“.

Вистинското име на 31-годишната Бебе Реџа е Блета Реџа. Родена е во Њујорк, но родителите и се Албанци од Македонија. Татко ѝ емигрирал во САД од Дебар кога имал 21 година, а мајка ѝ е по потекло од Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.