Откако неидентификувани манекени го обвинија славниот дизајнер Александер Ванг (37) за недолично однесување, портпаролот на неговата компанија одби да даде коментар .

Контроверзноста почна со пост на манекенската агенција „S-t Model Mgmt“, на кој пишуваше:

Александер Ванг е наводен сексуален предатор, многу машки модели и транс модели излегоа и зборуваа за наводната сексуална злоупотреба на Ванг кон нив. Важно е да ја покажете својата поддршка за овие жртви со тоа што ќе ја бојкотирате неговата линија за облека.

Светските модни магазини објавуваат дека неидентификувано машко лице изјавило дека додека бил на настапот на раперот Купкејк во преполн клуб од Њујорк во 2017 година, некое момче „почнало да го допира“. Изворот објаснил дека кога погледнал видел дека тоа е „оној навистина познат моден дизајнер и не можел да верува дека тој му го прави тоа“.

Алијансата на модели на своите социјални мрежни канали објави порака за солидарност со моделите што го обвинуваат на Ванг.

Недостатокот на транспарентност и отчетност во модната индустрија ги остава сите модели ранливи на злоупотреба, без оглед на нивниот пол или родов идентитет – порачуваат од Алијансата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Model Alliance (@modelallianceny)

Адвокатот Харли Левин, кој работеше на случаи со интелектуална сопственост со Ванг во минатото, изјави дека луѓето лесно можат да бидат изложени на јавно срамотење само со објава на Интернет.

Јас едноставно би порачал на луѓето да им се даде соодветен кредибилитет да бидат сослушани од обете страни. И дека луѓето се воздржуваат од донесување пресуди засновани врз наводи и поплаки за јавни изјави во печатот – изјави Левин.

Тој, иако не го застапува Ванг, вели дека сè уште го смета за „пријател и колега“.

Знам дека е многу пријатна, внимателна грижлива личност – изјави Левин.

Ванг во 2008 година беше награден од ЦФДА, Советот на модни дизајнери на Америка, а од 2012 до 2015 беше креативен директор на „Баленсијага“. Сега има сопствен бренд.

Тој е еден од омилените дизајнери на холивудските ѕвезди од А-листата. Неговото богатство е проценето на 90 милиони долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.