Лидерот на Бело Дугме Горан Бреговиќ раскажа за тажната судбина на неговите родители кои многу се сакале но морале да се разведат поради големиот порок на татко му-алкохолот.

Горан раскажува дека иако биле разведени татко му отишол пред болницата и чекал пред прозорот на болницата каде неговата мајка умирала од леукемија.

Моите родители многу се сакаа. Татко ми беше воено лице и пиеше многу. Тие двајца се разведоа поради тоа. И тоа беше голема љубов. Кога мајка ми се разболе од леукемија, таа беше во болницата во Сплит, во градот каде што татко ми живееше со друга жена. Таа друга негова жена ми кажа дека татко ми ноќта исчезнал од куќата.  Го видела како се прикрадува  во болницата каде што умираше мајка ми. Таму цела ноќ седел надвор под прозорецот од собата каде мајка ми умираше и пушел цела ноќ-раскажа Горан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.