Нова холивудска двојка е во центарот на озборувањата. Англискиот пејач и поранешен член на познатиот бен „One Direction“, 26-годишниот Хари Стајлс е во врска со 10 години постарата актерка и режисерка Оливија Вајлд, од која не се одвојува во последно време.
Искрите започнале на снимањето на филмот „Don’t Worry Darling“, кој таа го режира, а Хари е во главна улога. Набрзо потоа Оливија била фотографирана како влегува во неговата вила во Лос Анџелес.

Оливија и Хари се зближија на снимањето, па поминаа голем дел од времето заедно во последните неколку недели. Таа многу пати беше кај него во последно време, изјавил извор близок до Стајлс.

Новиот пар бил фотографиран минатиот викенд на венчавката на менаџерот на Хари.
Пред сите ја претстави како своја девојка, цело време ја бакнуваше и се држеа за рака. Хари го заболе за разликата во години и воопшто не обрнува внимание на злобните коментари. И онака отсекогаш сакал постари, вели изворот за „Дејли мејл“.
Ниту Хари ниту Оливија сè уште не се огласиле по повод нивната врска.

Оливија пред Хари беше 8 години во врска со колегата Џејсон Судејкис, со кој беше верена до ноември 2020 година и со кој има 2 деца, шестгодишниот Отис и четиригодишната Дејзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.