Турчинот Алсан Левент кој се товари за убиство на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ судењето ќе го чека надвор од затвор.
Ни достави адреса и веќе не е актуелна можноста за бегство – рекол обвинителот Кристоф Мекел.
Адвокатотот на Турчинот, Јерит Шол не сакал да обелодени каде се наоѓа Алсин, бидејќи, како што тврди, Левен во меѓувреме добил бројни закани со смрт.
Во сообраќајката во која загина Шабан, загина и неговиот близок пријател, клавијатуристот Мирсад Кериќ, а третиот сопатник, кумот на пејачот, Слободан Стојадиновиќ беше тешко повреден. Утврдено е дека Левенет возел појзамено возило, бил пијан и под дејство на наркотици. Во моментот на апсењето немал ниту престојувалиште, поради што како мерка на претпазивост, полицијата му одреди притвор.
Обвинителот Мекел потврдува дека е прашање на ден кога ќе подигне обвинение против човекот кој е крив за смртта на двајца луѓе. За тоа, како што прецизирал, му недостига извештај на експерти, кој се уште не е комплетен.
Според податоците кои истрагата до овој момент ги утврдила, на Левент на товар му се става немарно возење со кое усмртил две лица. Со оглед на тоа дека возел под дејство на алкохол и дрога, нема сомнеж дека повторно ќе се најде зад решетки – тврди Мекел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.