Иако медиумите веќе извесно време шпекулираат дека поранешната пејачка Ноне Неделковска и ставила крај на врската со црномурестиот Рајан, таа засега не се огласи по ваквите пишувања. Но затоа пак, постојано е присутна на социјалните мрежи покажувајќи како го минува свремето, а очигледно и е доста забавно во ново машко друштво.

Имено, работата на брод ја однесе на сите страни од светот, а сега за време на празниците Ноне е „закотвена“ на Балканот и тоа со машка придружба.

Од Сомбор до Нови Сад, Ноне преку Инстаграм откри дека празничните денови ги поминува доста забавно шетајќи низ снежната Србија, а друштво и прави непознато момче со кое таа објави доста фотографии.

Дали се пријатели, колеги, роднини или нешто повеќе, засега е непознато, но јасно е дека велешанката новата година ја почна без Рајан, а со ново машко друштво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.