Јелена Карлеуша доживеа голема семејна трагедија поради смртта на нејзината мајка Дивна Карлеуша. Таа со денови се бореше да ја надмине тагата и да се врати на работата, но и забавата со пријателите.

Таа освен семејната трагедија, поради која едно време се повлече од јавноста, беше и актер на секс сканадлот со познатиот фудбалер Огњен Врањеш, кој исто така ја дотепа. Епилогот на оваа приказна се очекува после нивното судење. Јавноста со нетрпение го очекува завршетокот на оваа сапуница и конечната вистина за скадналот кој ја потресе домашната јавност.

Сепак изгледа таа ги надмина тешките денови, па се врати во живот поубава и посекси од било кога. А и забава не и недостасува. Таката таа излегла во ноќна забава и објави фотографија од ноќното излегување. На неа се гледа дека дружењето со пријателите и годи и ја прави среќна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.