Познатата српска пејачка и снаа на Лепа Брена, Александра Пријовиќ се врати на музичката сцена, па многумина ги изненади со својата одлука.

Имено, таа претходната година се омажи за Филип Живојонивиќ со кого неодамна го доби синот Александар.

Пријовиќ по породувањето се врати на музичката сцена и неодамна ја издаде песната „Непоновљиво“. Иако претходно под песните се потпишуваше како Александра Пријовиќ сега се потпишува само како Александра.

Александра е свесна дека сите ја препознаваат по презимето Пријовиќ, но сега откако се омажи за Филип, одлучи под песните и видео записите да се потпишува само со името. Оваа одлука ја подржаа нејзините најблиски, а бидејќи за кратко време стана една од најпознатите пејачки, веруваме дека оваа одлука нема многу да влијае“ вели извор близок на пејачката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.